Хрватска планира да воведе задолжителен воен рок
Хрватската Влада ќе го разгледува предлогот на Генералштабот на вооружените сили на Хрватска и Министерството за одбрана за воведување на задолжителен воен рок.
Потпретседателот на хрватската Влада, Томо Медвед изјави дека е неопходно да се воспостават одредени модули на задолжителен воен рок и најави дека конечниот предлог ќе биде доставен на јавна консултација.
Во однос на уставната одредба за приговор на совеста, Медвед посочи дека, покрај класичната компонента на воениот рок, постои и компонента неопходна за секое општество, вклучително и хрватското, во која преку одредени облици на служење би биле обучени за други должности.
– Јавната дискусија подразбира вклучување на сите аспекти, сите учесници во процесот на одлучување, како што е вообичаено случај при секое носење законски или подзаконски акти.
Сите актери кои учествуваат во тој процес се поканети на активно учество, т. е. активен придонес и давајќи свои мислења, сугестии и ставови, посочи Медвед.
Ново на Сител
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска