Грчките земјоделци продолжуваат со протестите, Мицотакис најави дополнителна помош
Земјоделците во Грција со несмален интензитет продолжуваат со протестите и блокадите во различни делови на земјата, а оние во областа Еврос во близина на границата со Турција одржаа протест на граничниот премин Кипи и симболично затворање, но само за камиони и товарни возила, јави дописничката на МИА од Атина.
Паркираните трактори и поставените блокади во централна и северна Грција засега се симболични и не предизвикуваат проблеми во сообраќајот на автопатите во земјата.
Грчките земјоделци од областа Тесалија, што беше погодена од поплавите во септември, вечерва ќе одржат состанок на кој ќе биде формирана комисија задолжена да разговара со Владата, додека пак за в четврток е закажан протест во Солун за време на отворањето на саемот Агротика.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за радиото „Скај“, говорејќи за протестите на земјоделците најави дополнителна помош до 10.000 евра за оштетување на опремата.
Објасни дека земјоделците веќе ја добиле првата помош во висина од 2.000 евра за претрпените штети и во моментов во тек е процесот на поднесувања на барањата за главното обесштетување.
Соопшти дека од надлежното Министерството побарал зголемување на оваа првична помош.
-Оваа помош и поддршка се однесува на штетата нанесена на опремата. Очигледно е дека не може да се дадат пари, ако не се одреди висината на штетата. Ние сега велиме дека ќе дадеме дополнителни од 5.000 до 10.000 евра за оштетување на опремата, рече Мицотакис.
Паралелно, министерот за земјоделство Лефтерис Авгенакис преку интервјуто за државната телевизија ЕРТ упати покана до земјоделците да се сретнат и да разговараат за да се најдат решенија за проблемите.
Земјоделците со блокадите и протестите започнаа минатата седмица, а меѓу другото, бараат надоместоци поради намаленото производството предизвикано од непогоди и болести; изградба на инфраструктурни проекти за заштита од временските неприлики и намалување на трошоците за производство, но и да и помош за штетата нанесена од невремето на почетокот на септември.
Ново на Сител
-
Црвен Крст: Апел за помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ