САД воведоа санкции за мрежа на фирми за размена на пари поврзани со јеменските Хути
Соединетите Американски Држави денеска воведоа санкции за поврзани фирми за размена на пари од Јемен и Турција, за кои се верува дека ги финансираат јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, пренесе БТА.
Хутите вршат напади во Црвеното Море против трговски бродови за кои се сомневаат дека имаат некаква поврзаност со Израел. Јеменските Хути велат дека нивните акции се во знак на солидарност со Хамас, против кои Израел возврати откако исламистичките милитанти ја нападнаа израелската територија на 7 октомври.
На списокот со санкции на САД се наоѓа шефот на посредничка финансиска институција во јеменската престолнина Сана, како и три менувачници во Јемен и Турција. Американското Министерство за финансии тврди дека луѓето и компаниите за кои станува збор помогнале да се префрлат милиони долари наменети за Хутите на сега санкционираниот ирански финансиски посредник Саид ал-Џамал. Санкциите го блокираат пристапот до американскиот имот и американските банкарски сметки, попречувајќи ја трговијата меѓу санкционираните луѓе и бизниси од една страна и американските граѓани од друга страна.
Денешните акции се следните во низата финансиски санкции насочени кон јеменските бунтовници Хути. Претходно овој месец, САД воведоа санкции на вкупно 13 поединци и компании за кои се верува дека обезбедуваат десетици милиони долари на Хутите во Јемен од продажба и снабдување со ирански стоки.
Брајан Нелсон, потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање на американското Министерство за финансии, рече дека денешната одлука „ја нагласува одлучноста да се ограничи незаконскиот проток на средства за Хутите, кои продолжуваат да вршат напади врз меѓународниот бродски превоз и да ја загрозуваат стабилноста во регионот“.
Овој месец, Белата куќа објави дека ги охрабрува своите сојузници да се приклучат на една од борбените групи на Блискиот исток предводени од САД, Комбинираните поморски сили (CMF), која вклучува 39 нации. Покрај тоа, на иницијатива на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, беше создадена операција „Чувар на просперитетот“ за воена заштита на трговскиот брод во Црвеното Море.
Ново на Сител
-
Неколкумина повредени откако автомобил удри во група луѓе во Штутгарт
-
Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција
-
Туристичкиот остров Бали остана без струја
-
Ирскиот регулатор за заштита на податоци го казни ТикТок со 530 милиони евра
-
Грег Попович се повлекува од функцијата тренер на Сан Антонио Спарс
-
Земјотрес од 7,4 степени според Рихтер ја погоди Аргентина, издадено предупредување за цунами
-
Трамп: Планирам да му го укинам на Харвард даночното ослободување
-
Принцот Хари ја изгуби правната битка со британската влада околу полициска заштита