Македонија
26. February 2016 - 19:19

Да помогнеме да се спаси еден детски живот, сите заедно за Кирил!

 

Кирил е единаесетмесечно среќно бебе кое сака да си игра со неговите играчки и да го гледа омилениот цртан Фиксики. Тој е прво и единствено дете на неговите родители Горан и Марија и е нивна најголема радост. За жал, на Кирил неодамна му е дијагностициран тумор на мозокот, односно rhabdomyosarcoma, редок вид на рак во примарниот мозок. За понатамошно лекување, Кирил треба да биде однесен во Тел Авив, Израел за операција на примарниот мозок за да се третира тумор. Родителите на Кирил имаат многу ограничени средства и имот и истите ги заложуваат во борбата за Кирил, но нивните средства се далеку од доволни. Третманот за Кирил изнесува околу 80.000 долари.

Со цел да се му се помогне на малиот Кирил, охридскиот музичар Јован Куциновски на својот Фејсбук профил ги повика сите хумани граѓани да му се придружат на неговата улична свирка на градскиот плоштад и со тоа да придонесат да се соберат што повеќе средства за лекувањето. 

ONE 075 143 462
VIP 077 143 462
TELEKOM MК 070 143 153

денарска сметка за донации - Кирил Митрески:
370006305464561
deponent na Eurostandard banka AD Skopje 

Devizna:
KIRIL MITRESKI
IBAN CODE: MK07370006505464302
BANK NAME: EUROSTANDARD BANK AD SKOPJE
SWIFT CODE: ESWBMK22

https://www.generosity.com/medical-fundraising/kiril-s-fight-against-cancer