-->
-->
И го украле бебето од болница: По 18 години, мајката си ја препознала ќерката!
-->
Приказната за оваа жена ќе ве шокира. Тоа е приказна за мајката чија што ќерка била украдена од породилно, но со чуден сплет на околности девојчето било најдено. Мајката штом го видела девојчето знаела дека тоа е нејзината ќерка.
Селесте Нурсе (37) од Јужноафриканската Република во вторникот на суд се соочи со жената што пред 19 години и ја украла ќерката Зефани. Раскажала во судот како лежела во болничкиот кревет три дена по царскиот рез. Во собата влегла жена облечена како медицинска сестра. Бебето плачело па жената ја прашала Селесте дали може да ја земе.
Селесте и го дала бебето. Подоцна во собата влегла вистинската медицинска сестра и прашала каде и’ е ќерката. Шокираната Селесте заедно со медицинската сестра ја пребарала целата болница. Бебето не го нашле. Тоа се случило во 1997-мата година.
Селесте во меѓувреме родила три деца, се развела, го победила ракот и повторно се омажила, но никогаш не ја заборавила ќерката Зефани. Ја барала и секоја година го славела нејзиниот роденден.
Во 2009-тата година добила телегфонски повик. Жената барала да и даде 33.000 долари за информација за Зефани. Селесте договорила состанок со жената и за се ја информирала полицијата. Но, жената што и се јавила не дошла на состанокот.
-Никогаш не изгубив надеж. Знаев дека моето дете е таму некаде и дека ќе го најдам и дека ќе се врати дома, рекла Селесте во 2010-тата година.
Нејзината ќерка Касиди одела во училиште со девојка што и била многу слична. Станале најдобри пријателки. Дури и живееле во близина. Селесте се посомневала дека тоа девојче би можела да биде нејзината Зефани. Ја повикале девојката на ручек и ја прашале кога е родена. Селесте истражувала и кога собрала доволно податоци за девојката се обратила до властите и побарала ДНК анализа, која што минатата година покажала дека девојката е навистина Зефани.
Жената што се грижела за девојката сега е на суд. Таа тврди дека го посвоила девојчето и дека не можела да забремени. Рекла дека кога го посвојувала девојчето, нејзе и’ кажале дека мајката се одрекла од ќерката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Холандската полиција уапси 281 лице на забранетиот пропалестински протест
-
Французин добил 80,5 милиони евра обложувајќи се на победа на Трамп
-
Уште еден скандал го тресе англискиот фудбал - Судија од Премиер лигата фатен како шмрка кокаин | ВИДЕО
-
Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година
-
Македонските фудбалери вечерва ја пречекуваат Летонија
-
Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел
-
Гувернери на државите во САД создадоа група за да се спротивстават на политиките на Трамп
-
Состојба на патиштата