Во Белгија почнува судскиот процес против 124 обвинети за меѓународна трговија со накротици
Во Брисел денеска почнува судскиот процес против 124 обвинети за нелегален увоз и шверц на дрога, јавија локалните медиуми. Изрекувањето на пресудата се очекува кон средината на следната година.
Истрагата беше покрената откако полициските служби во Белгија, Холандија и Франција соработуваа за да упаднат во шифрирана телефонска мрежа.
Во овој случај, осомничените сторители комуницирале преку телефони со отстранети камери, микрофони и сензори за локација, користејќи СМС пораки со сложена безбедносна шифра и можности за само бришење.
Обвинети се Белгијци, Албанци, Колумбијци и државјани на северноафриканските земји. Тие се товарат за трговија и дистрибуција на кокаин и марихуана.
Во истрагата учествувале и безбедносните служби во Германија и Италија.
Утврдено е дека пратките со дрога пристигнале меѓу 2017 и 2022 година од Јужна Америка и Мароко и биле истоварени во пристаништата во Антверпен, Ротердам, Хамбург и Хавр.
– На дел од обвинетите ќе им се суди во отсуство, а останатите се во притвор од 2021 година, кога беше покрената најголемата операција во историјата на белгиската полиција, истакна министерот за правда Пол ван Тихелт.
Случајот ќе биде разгледан во старото седиште на НАТО во Брисел, кое претходно се користеше за судењето за нападите во белгискиот главен град во 2016 година.
Локацијата е избрана поради можноста таму да се спроведуваат засилени безбедносни мерки.
Ново на Сител
-
Тошковски: Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период
-
Уапсено лице кое предизвикува пожар во скопско Огњанци
-
Објавена снимка од надзорна камера, Арсовска прва нападнала, а полицијата веднаш реагирала | ВИДЕО
-
Освоивме прва награда на ICAMES во конкуренција на 15 држави | Елена и Марко од ФЕИТ | Sitel Podcast 103
-
Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон, откако избори трето финале
-
Новата ракометна сезона ќе ја отворат Еурофарм Пелистер и Вардар во Супер купот
-
Утре потопло со пораст на дневните температури
-
Општина Чаир го осудува нападот врз Арсовска, нагласува дека никој од институцијата не е поврзан со настанот