Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, наместа над 20 литри на квадратен метар. На планините и на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка, а температурите насекаде ќе опаднат.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер, локално со брзина од над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има повремени врнежи претежно од снег и заради ниските температури локално ќе има услови за појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветер од над 60 километри на час. Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и со појава на магла по котлините.
Ново на Сител
-
Американската компанија „Вабтек“ нова странска инвестиција во земјава
-
Кривични пријави за пет лица за „злоупотреба на службената положба“ и две лица за „несовесно работење во службата“
-
Кога бев најпопуларна бев најтажна | Сузана Гавазова | Sitel Podcast 051
-
Локализиран голем пожар на територија на општина Прилеп
-
Прекин на сообраќајот на автопатот Прилеп – Битола порди сообраќајка
-
Изречени казни од над 350.000 евра за неправилности на плажи во Грција
-
Филков - Гир: Спроведувањето на реформската агенда приоритет на државата
-
Израелската војска ги повика Палестинците да се евакуираат од неколку населби на градот Газа