Приврзаниците на обединувањето на Романија со Молдавија огранизираа седечки протести
Приврзаниците на обединувањето на Романија со Молдавија организираа „мирни протести“ во Букурешт пред резиденцијата на претседателот Клаус Јоханис, пренесува БТА.
Демонстрантите побараа средба со романскиот претседател, со цел да изразат несогласување со неговиот предлог да се одложи обединувањето на двете земји до „посоодветно време“.
- Сакаме претседателот да се придржува на изјавата од предизборната кампања, кога зборуваше за обединувањето како еден од главните приоритети, изјави денеска за новинарите лидерот на организацијата „Акција 2012“ Георге Симион, чија организација настојува процесот на соединување да започне наскоро.
Синоќа околу 100 „унионисти“, како што ги нарекуваат во Романија приврзаниците на обединувањето, донеле пред резиденцијата пластични столици и започнале со седечките протести.
„Унионистите“ си заминале дури откако советниците на претседателот ги примиле лидерите на „Акција 2012“ за да разговараат за нивните барања.
- Ќе вршиме притисок врз власта, се додека не ја постигнеме целта, соопштил Симион, пренесува БТА.
Минатата седмица Јоханис изјави, дека во моментов е несериозно да се постави прашањето за обединувањето со Молдавија, откако ги посочи проблемите во земјата, економската нестабилност и корупцијата.
Тој предложи разговорите за обединување да бидат обновени, кога ситуацијата во двете земји ќе се стабилизира и кога Молдавија ќе се интегрира во ЕУ.
Идејата за обединувањето има повеќе приврзаници во Романија (близу 68 проценити), отколку во Молдавија (21 процент).
Молдавската опозиција ја критикува идејата, а партијата на Социјалистите на Република Молдавија дури предложи да се поднесе амандман во Законот, кој ја исклучува можноста за обединување со Романија и уништување на молдавската држава.
Ново на Сител
-
Пожар во стан во Скопје, сопственикот се здобил со изгореници
-
Тројца жители на Конопница од тераса турнале сограѓанин
-
Пожар во стан во Прилеп
-
Приведени пет скопјани и кумановец откако кај нив била пронајдена дрога
-
На ГП „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 20 минути
-
25-годишник возел со 2.04 промили алкохол во крвта и удрил во паркирано возило
-
Како се избира нов папа и што всушност е конклава?
-
Лидерите на институциите на ЕУ изрази жалење за смртта на папата Франциск