Вчера пожарникарите гаселе пожар во куќа, фабрика и запален трактор
Во текот на изминатото деноноќие пожари на отворен простор немало. Евидентирани се само три интервенции во урбани средини. Утрово, како што информираат од Центарот за управување со кризи, активни пожари нема.
-Територијалната противпожарна едница ТППЕ Радовиш во период од 14:45 до 16:45 часот, со три противпожарни возила и шест пожарникари интервенирале на запалена куќа. Пожарникарите од ТППЕ Струмица во период од 15:05 до 16:05 часот, со едно противпожарно возило и три пожарникари гаселе запален трактор во село Турново и пожарникарите од ТППЕ Тетово во текот на денот со четири противпожарни возило и осум пожарникари интервенирале на запалена мини фабрика за брикет во село Камењане, велат од ЦУК.
На Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК во изминатото деноноќие имало вкупно 1.592 повици. Од нив, за итни случаи најмногу биле упатени кон Полицијата (66,06 отсто) и Итната медицинска помош (31,67 проценти).
Другите повици, како што информираат од ЦУК, биле упатени кон територијалните единици за противпожарна заштита и АМСМ. Центарот за управување со кризи овие повици за итни случаи ги решавал со комбинирано дејствување, при што имало потреба да се интервенира заедно со комунални и други претпријатија на општините, а и со други институции, служби и фирми, што се дел од Системот за управување со кризи во државата.
Ново на Сител
-
На првиот ден од Новата година сончево со температура до 15 степени
-
Струмичанец починал по задушување од пожар предизвикан од греалка
-
Претседателката Сиљановска-Давкова по повод новогодишните празници помилува седум осудени лица
-
Тошковски: Во 2025-та сите заедно посветено да работиме на обезбедување мир, стабилност и просперитет
-
Герасимовски: Во Центар почнавме нова приказна, нека ни е среќна и успешна новата 2025 година
-
Тошковски-Мисајловски: Да изградиме модерна полиција и модерна армија како што доликува на една современа европска држава
-
Четворица ученици од штипското училиште „Тошо Арсов“ спасија човечки живот
-
Мицкоски: Проблемот со ЈСП Скопје е административен, не е со нафтата