Појасот Газа без интернет, фиксна и мобилна телефонија
Интернетот, фиксната и мобилната телефонија од вечерва се во прекин во Појасот Газа по интензивно израелско бомбардирање.
Претходно, израелската војска објави дека ги „проширува“ копнените операции, сигнализирајќи дека наскоро може да започне копнена инвазија врз Појасот Газа.
Црвената полумесечина соопшти дека изгубила секаков контакт со седиштето и медицинските тимови. Тие исто така изјавија дека стравуваат дека луѓето повеќе нема да можат да контактираат со итните служби.
И други хуманитарни организации известуваат дека не можат да контактираат со својот персонал на терен.
Палестинската телекомуникациска компанија „Палтел“ најави „целосен прекин на сите комуникациски и интернет услуги“ поради бомбардирањето.
– Во изминатите неколку часа ги засиливме нападите врз Газа. Военовоздухопловните сили силно напаѓаат подземни цели и терористичка инфраструктура, во големи размери, изјави портпаролот на израелската армија Даниел Хагари.
Израел распореди стотици илјади војници долж границата со Појасот Газа пред очекуваната копнена офанзива против милитантната група Хамас.
Претходно Хамас го повикува светот „веднаш да дејствува“ и да го запре израелското бомбардирање врз Појасот Газа.
Ги повикуваме арапските и муслиманските земји и меѓународната заедница да преземат одговорност и веднаш да дејствуваат за да ги запрат злосторствата и серијата масакри врз нашиот народ, се наведува во соопштението на Хамас.
Ново на Сител
-
Американските сили објавија видео од Б-2А авионите пред нападот врз Иран
-
Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток со влошена безбедносна состојба, апелираат од МНР
-
Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача премиерот Мицкоски
-
Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади, вели висок ирански функционер
-
Мицкоски: Ќе се бориме да донесеме правда и да го урнеме системот на „бандитизам“ создаден од политички и бизнис структури
-
Бела куќа: Администрацијата на Трамп очекуваше иранска одмазда
-
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто по нападот на Иран врз американската воена база
-
ИДФ го заврши својот досега најобемен бран напади врз Техеран