Гвен Стефани доби своја ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд
Американската пејачка Гвен Стефани среде шестото десетлетие од својот живот, доби ѕвезда на Патеката на славните во Лос Анџелес, т.е. Холивуд. Поп-ѕвездата вчера присуствуваше на настанот со трите сина и нејзниот втор сопруг Блејк Шелтон - американски кантри-пејач.
Во свечениот говор, зборот го зеде Шелтон, пред сѐ пофалувајќи посветеноста на неговата избраничка како мајка на 17-годишниот Кингстон, 15-годишниот Зума и деветгодишниот Аполо.
- Стоејќи овде речиси 10 години откако ја запознав, можам да кажам дека, да се биде мајка сè уште е најважната работа во нејзиниот живот. И, да ви кажам - тоа е ретко во оваа работа. Денес е убаво да се види како таа е почестена за нејзиниот „спореден“ проект - тоа што е една од најголемите ѕвезди во светот. Од музиката, телевизијата и филмовите до мода и убавина, таа повторно и повторно се искачуваше на врвот, со нејзиниот уникатен стил што го натера светот да се вљуби во неа... Но, не олку како мене!, нагласи Шелтон пред насобраните луѓе.
По свеченоста, Гвен Стефани на Инстаграм изрази благодарност кон сите и кон Шелтон посебно. Таа напиша:
„Кој би помислил дека оваа девојка од Анахајм ќе има своја ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд. Ти благодарам што чекореше по овој пат со мене, пееше со мене сите овие години… Те сакам!!!“
Ново на Сител
-
На ГП „Џепиште“ кај Дебар за шест месеци минале 22.919 патници, најголема бројка досега
-
Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побаран притвор за две лица кои нападнаа новинарска екипа
-
Андоновски - Агелер: Поддршка од САД за дигитална трансформација на Македонија
-
ЦУК: Вчера евидентирани рекордни 4.199 повици на бројот 112, најмногу за пожарна и за полиција
-
Телото пронајдено во близина на пожар во кривопаланечко предадено на обдукција
-
Приведен возач од Пробиштип, возел под дејство на алкохол
-
Полицијата во период од шест часа казни 232 возачи на мотоцикли на територија на цела држава
-
Јовева: ЕП ги признава македонскиот идентитет и јазик, тие не можат да се земат ни со лобирање, ни со гласање