Мегваер: Нема да седам овде цел живот и да играм еднаш месечно
Хари Мегваер го изрази своето незадоволство од минутажата која ја добива во Манчестер јунајтед.
Дефанзивецот одигра 206 минути во четирите натпревари на Манчестер јунајтед во сите натпреварувања оваа сезона и направи една асистенција.
- Нема да седам овде цел живот и да играм еднаш месечно. Ако вака продолжи, ќе морам да одржам состанок со клубот и да разговарам за се. Но, да бидам искрен, во моментов сум сконцентриран на двата претстојни натпревари со Англија. Ова се два важни натпревари. Тогаш мојот целосен фокус ќе биде на борбата и обидот да го вратам моето место во Манчестер јунајтед и да му помогнам на тимот да стигне до онаму каде што треба да бидеме во лигата. Верувам во моите способности. Јас сакам да играм. Сакам да се чувствувам важен за клубот и за тимот. Сега не играм ни приближно колку што би сакал. Тоа е поентата, изјави Мегваер.
Одбранбениот фудбалер и покрај тоа што го загуби статусот на стандарден во почетниот состав во Манчестер јунајтед, сепак доби повик во репрезентацијата на Англија.
Ново на Сител
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија
-
Пожар во семејна куќа во Куманово
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина
-
24-годишна велешанка осомничена за серија кривични дела во само пет дена
-
Денеска се празнува Сретение Господово