ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД
Вашата омилена телевизиска забава продолжува со нови емисии за уште повеќе адреналин, многу смеа и силни емоции.
Најголемото музичко шоу во регионот и оваа сезона ќе ве разигра и разнежни во добропознатиот термин за вистинско опуштање и уживање. Талентите од целиот регион ќе ги покажат своите вокални способности на грандиозната Грандова сцена, а покрај тоа што ќе треба да ја придобијат наклонетоста на публиката, идните ѕвезди на Гранд прво ќе треба да ги освојат симпатиите на жирито.
Жирито и оваа сезона го сочинуваат најголемите балкански ѕвезди кои ќе ви приредат вечери за паметење со нивните уникатни дискусии и хумор, кои допрва ќе ве оставаат без здив. Ана Бекута, Светлана Ражнатовиќ - Цеца, Марија Шерифовиќ, Вики Миљковиќ, Драган Стојковиќ Босанац и Ѓорѓе Давид се дел од провереното стручно жири, а продукциското жири и годинава е предводено од Саша Поповиќ, Снежана Ѓуришиќ и Александар Милиќ - Мили. Нивната задача и овој пат нема да биде воопшто лесна затоа што за учество во најгледаното шоу се пријавија неколку илјади кандидати од сите земји во регионот. Да се избере најдобриот е навистина голем предизвик не само за нив, туку и за целата публика. А во таа потрага, и оваа сезона ќе нè води шармантната и добропозната водителска двојка.
Затоа, бидете подготвени и сместете се удобно. Спектаклот се враќа на Ваше огромно задоволство. "Ѕвездите на Гранд" само на Сител.
Ново на Сител
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки