Букурешт го повика рускиот вршител на должност на разговор за дронот што падна на романска територија
Романското Министерство за надворешни работи го повика на разговор рускиот вршител на должноста, откако на територијата на Романија беа откриени нови делови од дрон слични на оние што ги користи руската армија, пишува Аџерпрес.
На територијата на Романија се пронајдени делови од дрон слични на оние што ги користи руската армија, соопшти вчера романското Министерство за одбрана, а претседателот Клаус Јоханис изјави дека тоа укажува на неприфатливо нарушување на романскиот воздушен простор.
Тој во изјавата рече дека го информирал генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за деловите од дронот, втор што се урна на романска територија оваа недела, и дека Столтенберг ја повторил целосната солидарност на Алијансата со Романија.
„Идентификувањето од страна на романските власти на територијата на Романија во близина на границата со Украина на нови фрагменти од беспилотни летала укажува на неприфатливо нарушување на воздушниот простор на Романија, земја-членка на НАТО, со реални ризици за безбедноста на романските граѓани во таа област“, потенцираше Јоханис
Ново на Сител
-
Чеферин му го честита изборот на Омерагиќ за претседател на ФФМ
-
Сообраќајот во зимски услови, забрани за тешки возила на Стража, Пресека, Ѓавато и Буково
-
Експлозија пред куќа во Прилеп, нема повредени
-
Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје го награди Кикбоксот со пет награди на локално ниво
-
За 3.000 евра плата се приклучил на руската војска во Украина, уапсен 37 годишен скопјанец
-
Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје
-
Обвинение за убиство на вонбрачна партнерка од страна на 33-годишник
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен - Охрид, кај превојот Буково поради сообраќајна незгода