ЦУК: Вчера изгаснати 12 пожари, активни два во Сарај и Инџиково
Во текот на вчерашниот ден на територијата на државата имало вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден во општина Сарај, кај месност ,,Карпалак" каде гори ниска вегетација и нискостеблеста шума и уште еден во општина Гази Баба, во село Инџиково, каде гори ниска вегетација, информираат од Центарот за управување со кризи.
Изгаснати пожари се 12 пожари и тоа:
- Општина Валандово 2: меѓу с.Удово и с Марвинци (лозје и ниска вегетација), с.Пирава (ниска вегетација и депонија)
- Општина Илинден: с.Дељадровце (стрниште);
- Општина Сарај: с.Бојане (ниска вегетација)
- Општина Бутел: ,,Љуботенски Пат" (ниска вегетација и ѓубре);
- Општина Гази Баба: с.Инџиково (ниска вегетација)
- Општина Струга: Граничен премин ,,Ќафасан" (ниска вегетација);
- Општина Дебар: с.Селокуќи (ниска вегетација);
- Општина Куманово 2: с.Ваксинце (ниска вегетација), спроти бензинска пумпа на ,,Макпетрол" на автопатот Скопје – Куманово во с.Романовце (ниска вегетација);
- Општина Гази Баба, с.Смилковци (ниска вегетација и отпадоци) и во
- Општина Демир Хисар (градска депонија - отпадоци), информираат од ЦУК.
Ново на Сител
-
И граѓаните на БиХ ќе ги бојкотираат продавниците
-
АМСМ: Намалена видливост поради магла кај Д.Капија, Петровец – Велес, Битола и Прилеп
-
Без струја утре делови од Аеродром, Бутел и Карпош
-
Детектор анкета: Американската црна листа поттикнува истраги во Македонија
-
МЖСПП: Надминат прагот на алармирање за аерозагадување во Струмица, стапуваат во сила мерки и препораки
-
Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол
-
25-годишен скопјанец со „мерцедес“ удрил во канделабра
-
Малолетници од Гостивар во бессознание завршиле на болница - пиеле алкохол во дискотека