Тројца воени пилоти загинаа во судар на два авиони над централна Украина
Тројца украински воени пилоти загинаа во судар на два авиони за обука Л-39 на небото над централна Украина, соопшти денеска украинското воздухопловство.
Несреќата се случила вчера во областа Житомир, која се наоѓа западно од главниот град Киев. Воздухопловните сили соопштија дека еден од пилотите, чиј прекар бил „Џус“, бил познат по многуте интервјуа што ги дал за странски медиуми.
„Изразуваме сочувство до семејствата на загинатите. Тоа е болна и непоправлива загуба за сите нас“, напишаа украинските воздухопловни сили на социјалната мрежа Телеграм, додавајќи дека е во тек истрага за да се утврдат причините за судирот.
Смртта на тројцата пилоти е тешка загуба за Украина, која се подготвува со огромни напори да ги обучи што е можно побрзо екипажите на своите воздухопловни сили да управуваат со борбени авиони Ф-16 кои ги обезбеди Западот. Досега на Киев му се ветени најмалку 61 од овој тип воени авиони.
Ново на Сител
-
Приведени двајца скопјани, осомничени за крадење автомобил
-
Заменик-министерот за земјоделство Фљакрон Беџети поднесе неотповиклива оставка
-
Анализа на дописникот на „Скај њуз“ од Москва: Украина и сојузниците ќе бидат разочарани и загрижени за исходот од разговорот меѓу Трамп и Путин
-
Бајден на Х: Ракот сите нè погодува
-
Трамп: Русија и Украина веднаш почнуваат преговори за завршување на војната
-
Путин по разговорот со Трамп: Подготвени сме за работа на меморандум со Украина, вклучувајќи и примирје
-
Папа Лав Четиринаесетти: Момент е за дијалог и градење мостови
-
Венс: Доколку Русија не сака да се вклучи во преговорите, САД ќе мора да кажат дека „ова не е нивна војна“