Пленковиќ по средбата со Зеленски: Хрватска подготвува нов пакет воена помош за Украина
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Атина имаше средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Штотуку ја завршивме средбата со украинскиот претседател и уште еднаш ја изразивме силната поддршка на Хрватска за украинскиот народ, претседателот, владата и сите оние кои се борат за слободата и територијалниот интегритет на Украина. Најавив голема меѓународна конференција за деминирање посветена на Украина во октомври, каде Хрватска, заедно со други актери од ЕУ и други меѓународни организации, ќе го започне процесот за помош на Украина во процесот на деминирање, каде што Хрватска за жал има многу искуство, истакна Пленковиќ.
Тие, исто така, разговарале и за обидот да се користат хрватските пристаништа за извоз на жито, јави ХРТ.
– Ќе продолжиме да работиме на ова на ниво на министри за инфраструктура и транспорт и секако ќе продолжиме со политичка и воена помош. На владината седница в четврток ќе имаме нов пакет воена помош за Украина, па тоа му го соопштив и на Зеленски, посочи Пленковиќ и додаде дека вредноста на помошта ќе биде околу 30 милиони евра.
– Секако, пристаништето во Риека е главното. Ќе го ангажираме министерот Олег Бутковиќ, кој е одговорен за сообраќајни прашања. Тоа мора да биде во договор со земјите кои ќе учествуваат во транзитот кон Хрватска, појасни премиерот на Хрватска.
Пленковиќ рече дека вчера на неформална средба на лидерите разговарале за процесот на проширување, безбедносните предизвици, институционалните и политичките чекори.
Ново на Сител
-
Бројот на работниците во индустријата од јануари до август зголемен за 1.4 отсто
-
Од четврток дожд, грмежи и ветер
-
СДСМ: 100 дена изговори
-
ВО ЖИВО: Прес-конференција на премиерот Мицкоски
-
Токсини од стафилокока во бомбиците причина за труењето на 140 деца во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“
-
Трендафилов: Нечовечки е да се зема плата од 22.567 денари
-
Намален бројот на студенти, покажува истражувањето на ЦГК
-
Вработени на патарина „Романовце“ не наплаќале на полицaјци | ВИДЕО