-->
-->
Ѓоковиќ магично го совлада Алкараз и го освои Синсинати
-->
Со фантастичен пресврт над Карлос Алкараз и резултат 2:1 (4:6, 7:6, 7:6), Новак Ѓоковиќ го освои трофејот на Мастерсот во Синсинати и на тој начин му се реваншираше на својот помлад колега за поразот во финалето на Вимблдон. . Иако имаше здравствени проблеми, најдобриот српски тенисер покажа неверојатна психичка и физичка сила и откако го загуби првиот сет, конечно успеа да ја сврти ситуацијата во своја полза и да освои нова титула. Ѓоковиќ прв направи брејк во воведниот сет, но Шпанецот го откажа во следниот гем, а подоцна со пресврт поведе со 1:0. На стартот од вториот сет се чинеше како се да е загубено. Ѓоковиќ имаше проблеми со дишењето, направи три последователни двојни грешки и се чинеше дека Шпанецот повторно полесно од очекуваното ќе победи против многу поискусен играч. Карлос имаше брејк предност, но Новак со помош на неговиот познат инает возврати и обезбеди тај-брејк. Алкараз мечот го имаше по два часа и пет минути игра. Сепак, сервираше Ѓоковиќ, и потврди дека така лесно нема да му го препушти мечот на Алкараз. Србинот потоа дојде до сет поен, од кој првиот не го искористи, но затоа го зеде вториот и влезе во третиот сет. Пресврт беше седмиот гем, кога Ѓоковиќ погоди на сервис на противникот. Ова беше еден од највозбудливите дуели во поновата тениска историја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дубровник под вода по силното невреме | ВИДЕО
-
Дошла кај него за да му раскине, а тој ја нападнал и се обидел да ја силува
-
Маж со пушка си го бранел насадот со пченка од диви свињи
-
Кумановка нападната од синот
-
Кривична пријава за девет лица затекнати во незаконска сеча на дрва
-
Невремето „Атена“ ќе ја зафати Грција – предупредување за опасни временски појави
-
ЦУК: Под контрола пожарот во Мариово, активни вкупно пет пожари
-
Лавров: Блискиот исток е на работ на голема регионална војна