Воведена делумна забрана за движење во шума од 06:00 до 20:00 часот
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) по барање на ЈП „Национални шуми“ даде согласност за воведување делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.
Како што информира МЗШВ, делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, за временски период од 17.07.2023 година, во терминот од 06.00 до 20.00 часот.
-Делумната забрана за движење во шумите ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат. За непочитување на оваа делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1 500 до 2 000 евра во денарска противредност, наведува Министерството.
Ново на Сител
-
Три лица загинаа, петмина повредени во сообраќајката кај Катланово
-
Именуван e нов директор на АНБ
-
Сообраќајка на автопатот Скопје-Велес, блокирани двете сообраќајни ленти
-
Лишени од слобода 15 царински службеници и полициски службеник
-
Палевски ангажира втор бранител на судењето за убиството на Вања и Панче
-
Одбраната на дел од обвинетите за убиството на Вања и Панче смета дека не е јасно работењето на полицијата, судењето продолжува на 18 октомври
-
Во БИХ пронајдено телото на последната жртва по која се трагаше по поплавите
-
Претрес во Кичево, приведен лихвар