Коен: Србија е нашиот најсилен сојузник во регионот
Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен изјави дека Србија е пријателска земја „која е и ќе остане најсилниот сојузник на Израел во регионот“.
– Минатата година одбележавме три децении од обновувањето на српско-израелските дипломатски односи и навистина сме горди на посебните врски на еврејскиот и српскиот народ низ историјата, изјави Коен за весникот „Политика“, пренесе Бета.
Коен, кој денеска доаѓа во Србија како прв шеф на израелската дипломатија по повеќе од една деценија, рече дека Израел „длабоко ги цени огромните напори на Владата на Србија да ги зачува значајните спомен обележја, во однос на прашањето за враќање на еврејскиот имот, како и во областа на едукацијата за холокаустот“.
– Се надевам дека нашите билатерални и економски односи отсега ќе имаат нагорен тренд благодарение на почестите официјални посети, рече Коен.
Во врска со тоа што Израел воспостави дипломатски односи со Косово во 2021 година, тој изјави дека Израел има односи со сите соседи на Србија.
– Внимателно ги следиме случувањата во вашиот регион и се надеваме дека преговорите ќе резултираат со меѓусебно разбирање за доброто на регионот, рече Коен.
Ново на Сител
-
ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите
-
Рјабков: Русија и САД наскоро ќе се договорат за нова рунда преговори
-
ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
-
ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија