Царинска управа: Mигранти пронајдени во товарно возило кое патувало за Франција
Царински инспектори од Одделението за оперативни работи, спречија обид за нелегален влез на четворица мигранти по контрола на товарно моторно возило на граничниот премин Богородица чија крајна дестинација била Франција, информира Царинската управа.
Како што информираат оттаму, мигрантите биле скриени во полуприколката на товарното возило, меѓу палети со стока пријавена за транзит. Тројца од мигрантите согласно нивната изјава се од Сиера Леоне, а едно лице е од Нигерија.
Лицата се предадени на Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка, додаваат од Царина.
- Граничната контрола, спречување меѓународен криминал и безбедноста на државата и натаму останува императив во работата на Царинската управа, се потенцира во соопштението од Царина.
Ново на Сител
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска