Наместо производи, во македонски магацин се чувала дрога вредна половина милион евра | ВИДЕО
Денеска (06.07.2023) од страна на полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци, по претходно спроведена истрага, од правен субјект за производство на канабис за медицински цели во с.Сопот, одземени се 225 килограми сув цвет марихуана, 111,1 килограми био маса и 950 семки од канабис.
Имено, по претходно преземени и координирани мерки и активности, како и обезбедени докази дека правното лице постапувало спротивно на одредбите од Законот за контрола на опојни дроги, односно во објектите на правното лице вршело одгледување на растенијата канабис спротивно на законот, по претходно обезбедени наредби од Основен суд Кавадарци, како и по претходно извршена контрола на полициски службеници заедно со претставници од Комисијата за оценување на исполнување на условите во однос на простор, опрема, кадар за добивање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, одземена е марихуана за која се утврдени неправилности во работењето на правното лице.
Притоа, во сеф собата беше пронајден сув цвет од канабис кој не беше спакуван и означен согласно законските прописи, а во останатите простории беше пронајдена сува маса од канабис за која правното лице не доставило известување до Комисијата од Министерството за здравство. Воедно, не била пријавена ни количината на финален сув производ, односно во целиот процес на одгледување се постапувало незаконски, бидејќи иако биле должни да ја известат Комисијата, тоа свесно не го правеле, со цел непријавената произведена марихуана да ја пуштат во продажба на црниот пазар и на тој начин да се стекнат со противправна имотна корист во вкупна вредност од половина милион евра. Одземената дрога е предадена во Агенцијата за одземен имот.
Ново на Сител
-
Српски студенти во блокада в среда тргнуваат со велосипеди до Стразбур да се обратат во европски институции
-
Додека Украина го разгледува нацрт-договорот за ретки минерали, Москва преговара со Вашингтон за руските рудните ресурси
-
Најмногу врнежи во Виница
-
Ѓоковиќ загуби од 19-годишниот Меншик во финалето на турнирот во Мајами
-
Надворешно-политичките, безбедносните, одбранбените и економските предизвици на ЕУ главни теми на овонеделната сесијата на ЕП
-
Во Лондон дводневен Самит за борба против шверцот на мигранти
-
Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја
-
Променливо облачно, попладне наместа со пороен дожд