Литванија бара итно засилување на источното крило на НАТО по хаосот во Русија
Претседателот на Литванија повика на зајакнување на источното крило на алијансата по краткиот вооружен бунт на приватната воена компанија Вагнер против Москва.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Вилнус ќе се сретне со претседателот Гитанас Науседа како дел од подготовките за самитот на НАТО на 11 и 12 јули во главниот град на Литванија. Клучна тема на состанокот ќе биде војната на Русија против Украина.
Претседателот Науседа се произнесе за договорот со посредство на Белорусија за смирување на кризата, според кој шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин оди во егзил во Белорусија.
Белорусија граничи со Литванија, членка на НАТО.
Науседа предупреди дека присуството на Пригожин во Белорусија и превирањата во Русија го ставиле регионот во опасна ситуација.
„Овде не зборувам само за Литванија, туку и за НАТО како целина“, рече Науседа, а пренесе литванското радио.
„Имаме работа со голема земја, нуклеарна земја и какви било внатрешни немири неизбежно имаат последици за безбедноста на околните земји“, рече Науседа, мислејќи на Русија.
Тој рече дека се уште нема информации дали шефот на Вагнер е веќе во Белорусија и најави дека Литванија ќе распореди повеќе разузнавачки ресурси за да ги процени „политичките и безбедносните аспекти“ во Белорусија.
Ново на Сител
-
Топол воздушен бран и температура до 40 степени во четврток и петок
-
За седум дена санкцонирани се 127 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Руска осуда на американските напади врз Иран во СБ на ОН: САД ја отворија Пандорината кутија
-
Манчестер сити убедливо го порази Ал Аин на Светското клупско првенство
-
МотоГП: Марк Маркез ја освои ГН на Италија
-
Бублик го совлада Медведев за титулата во Хале
-
Милан бара од 15 до 18 милиони евра за Мората
-
Терористички напад во грчка православна црква во Дамаск, најмалку 15 мртви