МЗШВ: Земјоделците да аплицираат за субвенции за поледелски култури
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги повикува земјоделците навреме да аплицираат за директните плаќања од Програмата за 2023 година, по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија, освен за тутун.
- Корисници на овие субвенции се земјоделски стопанства кои во произведната 2022/2023 година имаат засеани и ожнеани површини со следните култури: пченица, јачмен, пченка, `рж, овес, ориз, тритикале, хељда, сирак, суданска трева, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, афион, шеќерна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток), како и површини засеани или одржувани со луцерка, лековити, ароматични и зачински растенија. Минималната засеана површина збирно за сите култури која земјоделските стопанства треба да ја имаат е 0,5 хектари во произведната 2022/2023 година. Висината на директните плаќања кај оваа мерка за сите наведени култури изнасува 6000 денари по хектар, потсетува МЗШВ.
Земјоделските стопанства кои во произведната 2022/2023 имаат заесани и оженани површини од листата на знајачни култури пченица, јачмен, пченка, сончоглед и маслодајна репка и притоа имаат употребено сертифициаран семенски материјал остваруваат право на дополнителна субвенциија. Право на дополнителни субвенции имаат и стопанствата кој имаат засеани површини под ориз без употреба на сетрифициран семенски материјал.
- Висината на дополнителната субвенција за пченица, јачмен и пченка е 7 000 денари по хектар, со употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребената количина на семе по хектар, со исклучок на производството за био маса наменето за гасни биоцентарали каде дополнителна поддршка не се плаќа. Кај сончогледот и маслодајната репка висината на дополнителните плаќања изнесува 4.500 денари по хектар со употреба на сертифииран семенски материјал. Додека пак за оризот висината на дополнителните плаќања изнесува 12 000 денари по хектар без употреба на сертифициран семенски материјал, истакнува Министерството.
Крајниот рок за аплицирање за растително и сточарско производство е до 30 јуни 2023 година. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или преку електронски преку веб страницата на Платежната агенција.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија