Меѓународниот суд на правдата во Хаг ќе расправа за тужбата на Украина за руската агресија
Во правна постапка што денеска треба да почне Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг ќе ја разгледа и сослуша тужбата на Украина против руската агресија во источна Украина.
Украина поднесе тужба против Русија во 2017 година, долго пред актуелната војна, заради нејзината поддршка на проруските бунтовници во регионот на Донбас и заради угнетување на неруското население на Крим.
Судењето денеска почнува во контекст на сеопфатната инвазија на Москва на Украина пред 16 месеци.
Киев ја обвинува Русија дека ги поддржува сепаратистите во Донбас со оружје и пари, а со тоа ја прекршила Меѓународната конвенција за сузбивање на финансирањето на тероризмот усвоена од Обединетите нации.
Москва ги отфрла обвинувањата.
Украина денеска треба да биде првата странка во спорот што ќе ги презентира своите докази. Во четврток ќе се претстават правните претставници на Русија.
Ново на Сител
-
ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите
-
Рјабков: Русија и САД наскоро ќе се договорат за нова рунда преговори
-
ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
-
ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија