Спасовски за лажните дојави за бомби: Со новите протоколи се интензивираа истрагите и дојдовме до резултати
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во однос на тоа до каде е истрагата за лажните дојави за бомби рече дека е важно да се напомене оти активното постапување на службите, МВР и АНБ за разузнавање и сите што работат за спречување на ваков вид кибер закани, успеале преку промената на протоколите да се прилагоди начинот на работење на службите во настанатата состојба.
- Имавме протоколи и упатства коишто беа пишувани 90-те години на основа на тогашните можности и искуства, меѓутоа, на пример електронската дојава не беше воопшто дел од протоколот, туку едноставно само добивањето на информација. Сега протоколот е сообразен со новото време во којшто се земаат сите видови на можност на комуникација и притоа што е многу важно со овие протоколи се цени релевантноста на информацијата односно на веројатноста за евентуална закана. Имаме низок, среден и висок степен на ваква закана која што се оценува и на основа на тоа се постапува. Протоколите се создадени за да можеме да бидеме брзи и ефикасни и протоколите практично не се создадени за да ние скриеме некаква информација, туку едноставно да се постапува и за секое постапување да можеме да ја информираме јавноста.
Тој потсети дека два дена по носењето на новите протоколи имавме дојави, првиот ден во три училишта, а следниот ден уште во едно училиште и тука, како што рече, запре целиот тој процес затоа што од една страна се интензивираа истрагите и дојдовме до резултати.
- Тука се работи се уште на вештачење на материјали, бидејќи се навистина големи материјали што треба да бидат завршени со вештачење за да можеме да практично ги прибереме сите докази и за поднесување на кривични пријави. Јас тоа го очекувам во секое време и да можеме тој процес да го затвориме, така што тој дел од постапките којшто овозможи да се обезбедат релевантни докази коишто може да бидат ценети од страна на обвинителството понатаму и во судот се покренати постапки. Имаше сериозен проблем со користењето на т.н. ви-пи-ем адреси коишто создаваа потешкотии во прибирањето на доказите, меѓутоа како и да е, целосната состојба се стави под контрола и мислам дека на задоволството на сите нас и на граѓаните, и на учениците и на наставниот кадар имаме состојба во која што имаме стабилност и мир, пред се спокој на учениците и на наставниците, рече Спасовски во Штип.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска