По инаугирацијата Ердоган ќе го претстави својот нов кабинет
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска ќе го претстави новиот кабинет, информираше шефот на Канцеларијата за комуникации на Претседателството, Фахретин Алтун, јави Анадолија.
Алтун во разговор за телевизискиот канал „ТВ 24“ рече дека Ердоган попладнево ќе положи и заклетва во турскиот Парламент.
„По церемонијата на полагање заклетва, Ердоган ќе го посети Аниткабирот, мавзолејот на Ататурк“, рече Алтун.
Алтун информираше и дека претседателот Ердоган ќе приреди вечера за шефовите на држави што ќе присуствуваат на неговата инаугурација.
Високи претставници од 78 земји ќе присуствуваат на церемонијата на полагање заклетва на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Алтун додаде дека Ердоган ќе го претстави и својот нов кабинет во вечерните часови.
Ердоган беше реизбран за претседател на изборите на 28 мај. Тоа е негов трет мандат како претседател на дсржавата.
Ново на Сител
-
Најмалку девет лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск
-
Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран
-
На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час
-
Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка, предложен притвор
-
Израел го отвори воздушниот простор по американските напади врз Иран
-
11 наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле