Состојба на патиштата
ПРИВРЕМЕН ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Од 30.5.2023 до 03.6.2023 на регионалниот пат 1102, делница Велес - Градско, во периодот од 08:00 до 16:00 часот ќе се изведуваат градежни активности, односно асфалтирање. Поради тоа во тој период патниот правец ќе биде целосно затворен за сообраќај.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Почнувајќи од 08.4.2023 година, патниот правец Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5 тони.
РАБОТИ НА ПАТ: ДТГ Жикол Доол извести дека од ден 10.5.2023 г. поради вршење на градежни активности на делницата Струмица – Дабиље, е поставен времен режим на сообраќај.
Од ден 08.5.2023 г. започнаа градежни активности на објект: Поставување на заштитна звучна ограда на автопатот А2, делница Скопје -Тетово, од страна на фирмата изведувач ДГПТУ Битем Дооел Скопје согласно склучениот договор помеѓу договорниот орган Јавно претпријатие за државни патишта и фирмата изведувач ДГПТУ Битем Дооел Скопје. На трасата на која се изведуваат градежните работи има времен режим на сообраќај.
Ново на Сител
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја прими грчката амбасадорка Филипиду
-
Пожар во парламентот во Романија, евакуирани 300 луѓе
-
Грузија донесе закон за семејни вредности и против промоција на хомосексуалните односи
-
Формиран Совет за управување со јавни финансии
-
Во сообраќајна несреќа во Тетово животот го загуби 61-годишен пешак
-
Инспекциските служби на АХВ изрекоа мерка за спроведување повторна дезинфекција во мензата во Воената академија каде имаше сомнеж за труење со храна