Поради асфалтирање до 3 јуни затворена за сообраќај делницата Велес - Градско
До 3 јуни 2023 на регионалниот пат 1102, делница Велес - Градско, од 08:00 до 16:00 часот ќе се врши асфалтирање поради што овој патен правец ќе биде целосно затворен за сообраќај, потсетува АМСМ.
Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта попладнево се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Косовскиот парламент не успеа да се конституира нитy по 45-ти пат
-
Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари
-
ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола
-
29 надгробни плочи и споменици оштетени во рок од два дена на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кривична за наставничка од беровско која нападнала ученик
-
50-годишен маж пронајден со прострелни рани во Батинци, починал пред прием во болница
-
Лишен од слобода крадец во Куманово
-
Мицкоски: Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности каде трудот се исплатува