Грушко: Западните земји ќе се изложат на „колосални ризици“ доколку ја снабдат Украина со борбени авиони Ф-16
Западните земји ќе се изложат на „колосални ризици“ доколку ја снабдат Украина со борбени авиони Ф-16, изјави рускиот заменик - министер за надворешни работи Александар Грушко.
Тој одговараше на прашање за импликациите од испраќањето млазни авиони, кои Украина ги бара од земјите-членки на НАТО.
Киев сè уште не го осигури ветувањето за испраќање авиони, но американскиот претседател Џо Бајден вчера им рече на лидерите на Г7 дека Вашингтон ги поддржува програмите за обука на украински пилоти на авиони Ф-16, изјавија високи американски претставници.
„Гледаме дека западните земји и натаму се придржуваат до сценариото за ескалација. Тоа вклучува колосални ризици за нив. Во секој случај, тоа ќе биде земено предвид во сите наши планови, а ние ги имаме сите потребни средства за да ги постигнеме целите што си ги поставивме“, додаде Грушко.
Ново на Сител
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска
-
Одобрено 24-часовно обезбедување на градоначалничката Арсовcка
-
Притвор за скопјанец, пронајден е кокаин
-
Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина по пожарот во Визбегово
-
Лишени од слобода возачи во Македонски Брод и Македонска Каменица, управувале возила под дејство на алкохол
-
Мицкоски очекува успешна сезона за лозарите
-
Индиректните преговори за прекин на огнот во Газа попречени од израелскиот план за повлекување
-
Синот на нарко-босот Ел Чапо се изјасни за виновен пред американски суд во замена за полесна казна