Поевтинуваат цените на горивата
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,20% во однос на одлуката од 20.4.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,666%, кај дизелот за 6,122%, кај екстра лесното масло за 6,120% и кај мазутот има зголемување за 0,865%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,064%
Малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,028 ден/кг.
Од 25.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,437 (денари/килограм)
Ново на Сител
-
Најмалку девет лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск
-
Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран
-
На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час
-
Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка, предложен притвор
-
Израел го отвори воздушниот простор по американските напади врз Иран
-
11 наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле