Пендаровски за Велигден: Да даруваме насмевки, ведрина и оптимизам
Претседателот на државата Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан и до сите православни верници, како и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев и припадниците на Евангелско – методистичката црква во државата.
- Празникот на христовата победа над смртта има посебно место во срцето на секој христијанин и инспирира вера, надеж и љубов. Посакувам овие празнични денови да се посветиме на најблиските и да даруваме насмевки, ведрина и оптимизам. Заедно да придонесеме за просперитетот, напредокот и благосостојбата на нашата татковина. Најискрено се надевам дека Велигден ќе ни донесе добра мисла, оптимизам и инспирација за правење добри дела и помагање на сите на кои им потребна помош и поддршка без разлика на религиската или етничката припадност. Да внесеме светлина и топлина во нашите животи осмислувајќи ги и спротивставувајќи се на сите кризи, проблеми и искушенија, пишува Пендаровски во честитката.
Ново на Сител
-
Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден
-
Иран: Третата рунда американско-ирански преговори ќе се одржи задутре во Мускат
-
Следува период на нестабилно време со дожд и грмежи
-
Нема подолги задржувања на граничните премини
-
Трамп: Се надевам дека Русија и Украина оваа недела ќе постигнат договор
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес