Македонија е најнесреќна земја на Балканот
Македонија е најнесреќна земја на Балканот, според новиот Извештај за среќата во светот на Институтот Галуп. На 87-мото место од 137 земји, блиски до нас според степенот на среќата се Венецуела, Конго и Украина на 92. место. Од нашите балкански соседи пак најблиску ни е Албанија на 83. место, Бугарија на 77. место, Босна и Херцеговина на 71. место, Грција на 58-мото, Србија на 45-тото, а Косово на 34-тата позиција.
Извештајот се прави врз основа на разни анкети спроведени во земјите. Земени се предвид шест фактори, меѓу кои Слободата да се прават животни избори, Изгледите да се има здрав живот, Дарежливоста на луѓето, Перцепцијата за корупцијата која ја имаат луѓето, Социјалната поддршка која државата ја обезбедува, Бруто домашниот производ и факторот наречен Дистопија и издржливост.
Во посебни табели дадени се и Оценка за просечниот живот во земјата и Рангот на довербата.
Најсреќни земји во светот остануваат Финска и Данска и други балтички држави или држави во северна Европа. Меѓу нив, на четвртата позиција се појавува и Израел.
Најнесреќни се Авганистан и Либан, земји кои беа разурнати од војни.
Добрата вест е дека просекот на среќа во светот останал речиси непроменет ако се спореди периодот пред пандемијата со ковид-19, од 2017 до 2019, со периодот од 2020 до 2022 година.
Ново на Сител
-
За прв пат во историјата Јувентус не загуби натпревар од Серија А, во кој заостануваше со три гола
-
Си Џинпинг и го честита на Сиљановска Давкова изборот за претседател
-
Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран
-
Падна и член на Советот на јавни обвинители, Мемети осомничен за поткупот во случајот на Боро Малборо
-
Гласаат болните, изнемоштените и затворениците пред утрешното прегласување за парламентарните избори во седум избирачки места
-
Судскиот совет му го одзема имунитетот на врховниот судија Георгиев и одобри негов притвор
-
Серија од 49 земјотреси во регионот на Неапол, најголем број во последните 40 години
-
Косовската полиција во филијалите на српската Поштенска штедилница во северно Косово запленила 1,6 милиони евра и 74,7 милиони динари