Во Унгарија не се наздравува со чаша
Иако во голем дел од светот чукнувањето со чаши за здравица се смета за нормален чин – тоа не е случај во Унгарија. Таму тој потег често се смета за непочитување.
Наздравување се случува кога за тоа има посебна причина, во чест на одредена личност или едноставно – како израз на добро расположение. Меѓутоа, во Унгарија овој гест се поврзува, пред сѐ – со преданието што раскажува за 1849 година, кога Унгарците ја изгубиле битката за независност, па австриските власти егзекутирале 13 унгарски војници.
Приказната натаму раскажува за австриските генерали кои славеле со наздравување со пијалак и потчукнување со чаши по погубувањето. Поразени и тажни, Унгарците тогаш се заколнале дека нема да креваат чаши за време на здравица и оти таа заклетва ќе трае 150 години… Тој век и пол одамна помина, но навиката остана.
Сепак, ова правило, се чини, не важи за оние кои ја посетуваат Унгарија. Заблуда е, сепак, дека денес тамошните жители ќе ве гледаат „попреку“ и со презир ако наздравите со пиво како турист во Унгарија. Овој вид наздравување, по сѐ, изгледа оти е „забрането“ само за Унгарците.
Ново на Сител
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови
-
На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип
-
Расистички навреди кон Нико Вилијамс
-
Од Либан истрелани 26 ракети кон северот на Израел
-
Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто
-
Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење