АД ЕСМ во јануари и февруари го зголеми производството за 50 отсто во споредба со истиот период лани
АД ЕСМ соопшти дека во првите два месеца од годинава во целост го исполнила планот за производство. Во капацитетите на компанијата се произведени вкупно 1 037 333 мегават часови електрична енергија што претставува зголемување во споредба со истиот период лани за 49,97 отсто, а споредено со 2021 година за 78,53 проценти.
- Зголеменото производство на електрична енергија во државните „Електрани на Северна Македонија“, овозможи „ЕСМ Продажба“ значително да ги намали набавките на струја на берзите. „ЕСМ Продажба“ која набавува електрична енергија за снабдување на болници, училишта, јавни комунални претпријатија, дел од производствените капацитети и останати договорни органи во државата, во првите два месеци од годинава набави само 14.980 мегават часови. За периодот 4-5 јануари „ЕСМ Продажба“ набави 7.300 мегават часови, а изминатиот викенд беа набавени 7.680 мегават часови електрична енергија, наведува АД ЕСМ.
Компанијата додава и дека во екот на грејната сезона ги има ставено во функција сите расположливи производствени капацитети со цел зголемување на домашното производство и успешно справување со енергетската криза.
- Рестрикции на струја и понатаму не се опција и АД ЕСМ е насочена кон овозможување на предуслови за стабилизирање или намалување на цената на струјата, се посочува во соопштението.
Ново на Сител
-
Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија
-
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“
-
Тепачка помеѓу малолетници во Штип
-
НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на Украина ги тероризираат цивилите
-
Мајка и две ќерки нападнале малолетно девојче на свадба во Куманово
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина