Над 10.000 демонстранти во Берлин против вооружувањето на Украина
Демонстрации против снабдувањето на Украина со оружје за војна со Русија се одржаа денеска во Берин со над 10.000 луѓе, што наиде на критики од највисоките претставници на германската влада и големото полициско присуство.
Организиран од истакната левичарка германска политичарка, протестот доаѓа еден ден по една година од руската инвазија врз Украина.
„Го повикуваме германскиот канцелар да ја запре ескалацијата на испораките на оружје. Сега!...Затоа што секој изгубен ден чини до 1.000 животи повеќе - и не приближува до трета светска војна“, објавија организаторите на протестот на нивната веб-страница.
Германија, заедно со САД, е еден од најголемите доставувачи на оружје за Украина.
Портпаролот на полицијата рече дека 10.000 луѓе се собрале кај Бранденбуршка порта во центарот на Берлин.
Полицијата мобилизираше 1.400 службеници за да го зачува мирот и да спроведе забрани за воени униформи, руски и советски знамиња, руски воени песни и десничарски симболи.
Портпаролот на полицијата рече дека нема знаци на присуство на десничарски групи и дека протестот бил мирен.
Ново на Сител
-
ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите
-
Рјабков: Русија и САД наскоро ќе се договорат за нова рунда преговори
-
ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
-
ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија