Лајен: Украинците ќе бидат слободни, ќе бидеме со нив се додека е потребно
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска им порача на Украинците дека Европа ќе биде со нив се додека е потребно во „херојскиот отпор“ кон Русија и дека Украина ќе биде „слободна и обновена“.
Во видео обраќањето објавено на Твитер, по повод годишнината од рускиот напад на Украина, таа потсети дека помина една година од почетокот на „херојскиот украински отпор“ и рече дека Украина се бори за „слобода, демократија и неговото место во ЕУ“.
„Една година брутална руска агресија. Една година херојски украински отпор. Една година европска солидарност. Иднината на единство е пред нас. Борете се за слобода, за демократија и за вашето место во Европската Унија. Ние сме со вас онолку колку што е потребно“.
Во друга објава на Твитер, таа објави дека Украинците треба да одлучат за нивната иднина и дека оваа земја ќе биде „слободна и обновена“ и дека „правдата ќе биде задоволена“.
Во оваа објава, Лајен се осврна и на заедничката изјава на членките на ЕУ по повод годишнината од рускиот напад на Украина, во која се вели дека Европската унија ќе продолжи да ја поддржува Украина во политички, економски, хуманитарен, финансиски и воен аспект вклучително и брзи координирани набавки од европската индустрија.
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш