Македонија
7. February 2023 - 12:17
Во охридско-струшкиот регион потребна е изградба на ски центри за економски развој и подем на туризмот
Во охридско струшкиот регион потребна е изградба на ски центри за економски развој и подем на туризмот во текот на целата година.Од ХОТАМ посочуваат дека години наназад се трошат пари за проекти и се зборува за нивна изградба но од сето тоа сеуште ништо.
Блажески од Хотам посочува дека проекти има но нема инвеститори ни инфраструктура до планините.
Агенцијата за странски инвестиции и промоција неодамна презентираше проектот за изградба на скијачки патеки на планината Јабланица со должина од 85 километри, а проект за изградба на скијачки центар со викенд населба и хотели кај месноста Јанков камен над Вевчани беше направен и пред околу десет години, но до ден денес не е ништо реализирано.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->