ДИЖС: „Цементарница УСЈЕ“ во рок од пет дена да премине на загревање со природен гас
Државниот инспекторат за животна средина денеска издаде решение со кое на „Цементарница УСЈЕ“ и се наложува во двата котли за парно греење со моќност од 4,2 мегавати со кои се загрева фабриката да се користи природен гас како гориво, согласно добиената А-Интегрирана еколошка дозвола и да изведе соодветен приклучок за вршење мерење на емисии со акредитирана метода. Рокот за реализирање на задолжението е пет дена.
– Да изврши мерење на емисија на гасови од емитерот – оџакот на парниот котел кој ќе биде во функција, за што рокот на реализирање на задолжението е 10 денови откако ќе биде користен природен гас како гориво. Да се направи мониторинг на сите емисиони точки од производните процеси со акредитирана лабораторија за животна средина во присуство на Државен инспектор за животна средина, за што рокот за реализирање на задолжението е 15 денови од приемот на решението, се наведува во решението на ДИЖС.
Во решението се посочува дека трошоците од анализата направена на 3 и 4 јануари 2023 година ги сноси субјектот на инспекциски надзор, бидејќи е утврдено дека примероците не одговараат на пропишаните стандарди согласно А-ИСКЗ дозволата.
– Доколку ДИЖС согласно член 200 став 4 од Законот за животната средина утврди дека не се постапува согласно Решението и не се отстранат причините настанати со донесувањето на решението, Државниот инспектор за животна средина ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежниот орган или суд, односно кривична постапка пред надлежен орган или суд и ќе отпочне постапка за одземање на добиените дозволи и овластувања, се истакнува во решението.
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска вчера на прес-конференција соопшти дека во „Цементарница УСЈЕ“ се извршени вонредни мерења на амбиенталниот воздух, при што се регистрирани покачени вредности, со што се утврдува дека фабриката придонесува кон загадување на воздухот во Скопје. По прес-конференцијата од УСЈЕ ги демантираа наводите на Арсовска, отфрлајќи ги нејзините ставови како неосновани, а денеска објавија податоци од мерењата од нивните мерни станици, според кои, не се надминуваат дозволените прагови.
Ново на Сител
-
Министерот Муцунски утре во работна посета на Казхстан
-
Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи
-
Уште една пријава од граѓанин за насилно одземена биста од Градските гробишта Бутел
-
Приведени битолчани со пиротехнички средства на натпреварот „Вардар 1961“ - „Пелистер“
-
Пациентите задоволни од медицинскиот кадар, но бараат подобри услови во штипската физикална терапија „Кежовица“
-
Приведено лице во Демир Хисар, возело под дејство на алкохол
-
САД: Допрва претстои силен руски одговор на украинските напади со дронови
-
Два аеродрома во Москва затворени по украински напад со дронови