Папата Франциско повика на откажување од гладта за власт
– Во својата проповед на Бадник, поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, ги прекори оние кои се заљубени во богатството и моќта на сметка на ранливите и децата, ги осуди војната, сиромаштијата и алчниот консумеризам и потсети дека Исус е роден во штала.
На вечерната миса што ја водеше во базиликата Свети Петар во Ватикан присуствуваа околу 7.000 верници.
Франциск најде инспирација за божиќните лекции во скромноста на првите часови од животот на Исус во јаслите.
„Додека животните се хранат во своите тезги, мажите и жените во нашиот свет, во нивната глад за богатство и моќ, ги голтаат дури и своите соседи, нивните браќа и сестри“.
„Колку војни видовме! И на колку места, дури и денес, човечкото достоинство и слобода се третираат со презир! Како и секогаш, главните жртви на оваа човечка алчност се слабите и ранливите“, нагласи папата Франциск.
Тој додаде дека и овој Божиќ светот кој е гладен за пари, моќ и задоволство не остава простор за голем број мали, сиромашни и заборавени деца.
„Не дозволувајте стравот, резигнацијата или обесхрабрувањето да ве совладаат. Раѓањето на Исус во јасли покажува каде може да се најде вистинското богатство во животот: не во парите и моќта, туку во односите и луѓето“.
Ново на Сител
-
Стојановски ќе се бори за златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе