Македонија
15. December 2022 - 14:20

Студентите бараат одговор кога ќе им бидат исплатени средствата за субвенциониран студентски оброк

– Движењето Студентски отпор за правда на студентите реагира на тоа што на студентите се уште не имс е исплатени средствата за субвенциониран студентски оброк и најавуваат дека доколку не добијат информации кога тоа ќе се случи ќе организираат протести.

-Според законското решение кое беше донесено пред само неколку месеци беше предвидена исплата на средствата за субвенциониран студентски оброк до 15 декември оваа година. Конкурсот за аплицирање траеше до 3 декември, а студентите се уште немаат добиено повратна информација од МОН и не знаат кога ќе им бидат исплатени средствата. Ние предупредувавме уште кога се носеше ова конфузно законско решение дека нема да ги даде посакуваните резултати и дека ќе биде на штета на студентите, велат од Студентски отпор за правда на студентите.

Тие упатуваат повик до оние кои преговарале во име на студентите да се изјаснат по однос на новонастанатата ситуација, а од МОН и министерот за образование и наука бараат одговор кога студентите ќе ги добијат финансиските средства што законски им следуваат. Доколку не добиеме одговор, велат оттаму, ќе пристапат кон организирање масовни студентски демонстрации