-->
-->
Во Куманово акција за заловување кучиња скитници
-->
Во тек е акција за заловување на кучиња скитници на подрачјето на Куманово, информираа денеска надлежните од секторот за инспекциски надзор и најавија дека стручни екипи ќе продолжат со акцијата и во текот на утрешниот ден.
- Во изминативе денови беа заловени кучиња кај Соколана, а денеска и утре ќе се заловуваат кучиња во близина на основните и средните училишта, изјави Гордан Таневски, комунален редар од секторот за инспекциски надзор.
Стручни екипи на ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ кои се задолжени за спроведување на акциите, претходно на 28 и 29 јануари заловија 32 кучиња скитници.
- Заловувањето се спроведува согласно Законот заштита и благосостојба на животните. Прифатилиштето ги исполнува стандардите. Кучињата се чуваат триесет дена, подлежат на третмани и се враќаат на истата локација од каде што се заловени, вели Таневски.
Општина Куманово за годинава одвои 800.000 денари без ДДВ за заловување на кучиња скитници. Граѓаните редовно ги информираат надлежните од секторот зa присуство на кучиња скитници по одредени реони и населби во градот. Со претходниот тендер на подрачјето на Куманово беа заловени околу 300 кучиња скитници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Колумбискиот претседател го нарече Трамп „фашист“ и го спореди со Хитлер
-
Во тек е голема полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари
-
Четиригодишното дете од Струга што почина имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
Вкупно седум лица повредени во две одделни сообраќајки близу Кичево, меѓу нив 19-годишна девојка
-
89-годишен битолчанец удрен од автомобил, се здобил со тешки телесни повреди
-
Дончиќ нов играч на Л.А. Лејкерс, трансферот се одвивал во строга тајност, Словенецот не знаел ништо
-
Јаневска за новиот концепт на гимназинско образование: Нормално е да има реакции, не е исклучена можноста за промени