Раководните органи на сите институции ќе добијат задолжување од Владата да ги спроведат препораките на народниот правобранител, најави Ковачевски
– Не само што ќе го поканам народниот правобранител, туку сите забелешки што ги има во неговиот извештај ќе бидат предмет на седница на Влада и раководните органи на сите институции ќе добијат владини задолжувања кои треба да ги спроведат, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
– Со оние кои нема да ги спроведат ќе се случи исто како што се случи со другите кои не се однесуваа согласно со најдобрите менаџмент практики, на кои се обврзани, рече Ковачевски во одговор на прашање по потпишувањето договор со турската компанија „Текнопанел“ за инвестиција во ТИРЗ Скопје.
Вчера народниот правобранител го презентираше неговиот извештај во кој има бројни забелешки за институциите и за спроведувањето на неговите препораки за отстранување на неправилностите во нивното работење.
Ново на Сител
-
Поскапуваат горивата
-
Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
-
ИДФ: Нападнати шест ирански аеродроми, оштетени писти и авиони
-
Јапонскиот премиер го откажа учеството на самитот на НАТО
-
Вучиќ: Армијата е речиси целосна екипирана, одлучено е да се продолжи со концептот на дигитална армија
-
Ристески: Построги стандарди за заштита и безбедност за физички и правни субјекти кои сакаат да работат со угостителска дејност
-
Демант од МВР на наводи од Левица
-
Вашингтон врши притисок врз Пекинг да го спречи Иран да го блокира Ормутскиот теснец