-->
-->
По разговорот со српскиот претседател, Лајчак повикува на воздржаност
-->
Специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, преку порака на Твитер објави дека синоќа имал „долг, тежок, но фер разговор“ со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и ги повика „сите на воздржаност“.
„Сметам на одговорното однесување на сите да покажат воздржаност заради безбедност и стабилност. Насилството мора да се избегне”, напиша Лајчак утрово на Твитер. „Се согласивме дека сите договори во дијалогот мора да бидат поддржани и целосно имплементирани”, додаде тој.
Вучиќ синоќа во Белград се сретна со Лајчак во време кога се зголемија тензиите меѓу Белград и Приштина поради несогласувањата околу пререгистрацијата на возилата со српски регистарски таблички на Косово, потсетува Бета.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија