ДУИ избра 16 секретари на секретаријати, Артан Груби останува шеф на кабинетот на Али Ахмети
Портпаролот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Бујар Османи соопшти дека на седницата на централното претседателство завршени се две од предвидените три точки од дневниот ред и дека избрани се 16 секретари за ист број на партиски секретаријати.
Артан Груби е избран за шеф на кабинетот на лидерот на партијата Али Ахмети, Бујар Османи за портпарол на партијата, а за заменик портпарол на партијата Арбр Адеми.
Според Османи, едногласно се избрани сите советници во кабинетот на Ахмети и сите секретари во секретаријатите.
– Се одеше по предложениот дневен ред односно се разговараше за актуелната политичка состојба во земјата со акцент на евроинтеграциите на создадениот политички моментум во евроинтеграциите определувајќи ја 2030 како година кога земјата треба да стане членка на Европската унија. Со тоа уставните измени и самите преговори остануваат главен приритет на партијата во наредниот период, а очекуваме и главен општествен приоритет, изјави Османи.
Третата точка предвидена за презентација на извештајот за работа на министрите, заменици министри и државните секретари, според Османи, може да трае со часови.
-Во моментот, првиот вицепремиер го дава извештајот. Извештајот е во писмена и во усна форма. Очекуваме да се развие дебата по сите аспекти. Ова се разбира е додадена вредност во партијата со вклучување на сите членови во евалуација на работата на избраните функционери. Писмен извештај ќе биде споделен и до новинарите со цел и вие да се вклучите во евалуација на работата. Мислам дека воведуваме нов квалитет во проценката на отчетноста на избраните функционери, не само пред структурите на партијата, туку и пред јавноста, рече Османи.
Меѓу избраните секретари се Теута Арифи во секретаријатот за образование и наука и Невзат Бејта за локална самоуправа.
Ново на Сител
-
Гутереш: Американските напади врз три ирански нуклеарни објекти се опасна ескалација
-
Лице барано за извршување затворска казна правело хаос во хотел во Лазарополе
-
Приведен возач од Македонска Каменица, возел со 1,87 промили алкохол во крвта
-
Крушевчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-
Иран вели дека го задржува правото на каков било одговор на „скандалозните“ американски напади
-
АХВ: Не издаваме никакви HACCP дозволи, туку само ја контролираме работата на операторите со храна
-
Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир
-
Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо