ОН: Сите страни во сириската војна се виновни за злосторства против човештвото
Во затворите и во логорите за заробеници во Сирија се применува тортура и за тоа се одговорни и опозициските и терористичките групи, вклучително и Исламска држава и владините сили, се наведува во извештајот на Комисијата на ОН за истрaга и прекршување на човековите права во Сирија, пренесува БТА.
Во извештајот објавен денеска во Женева опфатен е периодот од март до ноември 2015 година. Тој специјално е посветен на положбата на затворениците и заробениците. Сириските власти се обвинуваат за убиства на илјадници уапсени лица, што се оценува како злосторства против човештвото.
ИД исто така извршувала такви злосторства, убивајки и мачејќи затвореници.
Во извештајот се наведува дека сириските бунтовници и екстремистичката органзиација Фронт ал Нусра, сириски огранок на Ал Каеда, убивале затвореници, но во помал степен.
- Смртните случаи во затворите обвиени се со тајност и во голем степен остануваат непознати за меѓународната заедница, се истакнува во извештајот на ОН.
Исто така се додава дека во секој момент сириската Влада на Башар ал Асад во затвор држи десетици илјади луѓе. Истрагата покажала дека затворениците гинат не само при егзекуции, туку и од мачење, глад или не пружање на медицинска помош.
- Официјалните лица на нависоки позиции во Владата знаат за таквите злосторства или обвиненија за злосторства извршени од нивните потчинети, но ги игнорираат таквите информации. Поради тоа Советот за безбедност треба да одобри санкции против виновниците и да покрене обвиненија во Меѓународниот кривичен суд во Хаг против нив, се посочува во извештајот.
Ново на Сител
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“
-
Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид, повредени три лица
-
Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани
-
Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми
-
Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие