Митева: Данела Арсовска е виновна за хаосот во градот Скопје, оставка веднаш
Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање како ги коментирате случувањата во градот Скопје околу Советот и состојбата со претпријатијата посочи дека целата ситуација наликува на театар во кој Арсовска се профилира како продолжена рака на СДС додека работниците трпат. Митева укажа дека за се што се случува е виновна Данела Арсовска и поради тоа треба да си поднесе оставка.
-Додека СДС, директорот на ЈСП од СДС и Арсовска си ја префрлаат вината, градот тоне во долгови. Целата ситуација наликува на театар во кој Арсовска се профилира како продолжена рака на СДС додека работниците трпат и се случува девастирање на сите јавни претпријатија. Она што факт е дека Данела Арсовска е онаа која што е виновна за хаосот во градот и поради тоа треба да си поднесе оставка, на ЈСП покрај што му должи неспособната влада, должи и Арсовска, рече Митева.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска
-
Одобрено 24-часовно обезбедување на градоначалничката Арсовcка
-
Притвор за скопјанец, пронајден е кокаин
-
Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина по пожарот во Визбегово
-
Лишени од слобода возачи во Македонски Брод и Македонска Каменица, управувале возила под дејство на алкохол
-
Мицкоски очекува успешна сезона за лозарите
-
Индиректните преговори за прекин на огнот во Газа попречени од израелскиот план за повлекување
-
Синот на нарко-босот Ел Чапо се изјасни за виновен пред американски суд во замена за полесна казна