Вучиќ: Додека нема закана за Србија нема да воведеме санкции на Русија, ќе водиме независна политика
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека Западот брза што поскоро ја заврши „сагата“ за Косово и во тоа нема да бира начин, јави допсиникот на МИА од Белград.
-Претставниците на Квинта побараа итна средба со мене, а средбата е утре, изјави Вучиќ за ТВ Прва.
Тој рече дека е можно тогаш пред него да има текст кој е објавен во косовските медиуми, каде се споменува дека до 24 февруари мора да се постигне дел од договорот – прелиминарен договор меѓу Белград и Приштина, или ќе следи „жесток ќотек“.
Тој изјави дека се надева оти формулацијата за „жесток ќотек“ е констатација на авторот од тој медиум и дека претставниците на Квинта нема да му дојдат со тоj текст бидејќи „би му било тешко да им даде пристоен одговор“ на тоа.
Вучиќ рече дека „ништо не се одбива однапред“, но дека „хартиите“ што ги добил досега биле „нешто многу тешко за Србија“ и „не ни давале шанса да прифатиме“.
-Очекувам да видам што ќе ми достави утре Квинта – како што најавија. Се надевам дека не е текстот објавен во косовските медиуми, рече Вучиќ.
Вучиќ гостувајќи на ТВ Прва изјави дека не е исклучено да поднесе оставка од функцијата претседател на Србија како дел од тактиката за „купување време за земјата“ доколку се наметне неприфатливо решение за косовскиот проблем.
-Пристапувам на се со желба да изнајдам решение, но во овој момент не го гледам, ни за што точно да разговарам, не ни дадоа шанса од она што го видов досега, изјави Вучиќ.
Тој кажа и дека никогаш не се заколнал дека нема да воведува санкции кон Русите.
-Не знам дали ќе не принудат, но ние издржавме осум месеци, рече Вучиќ, наведувајќи дека некои рекле дека ќе ги воведе веднаш по изборите.
Како што наведе, „додека нема егзистенцијална закана за Србија, ние нема да (воведуваме санкции), ќе водиме политика на независност и политика утврдена со нашиот заклучок на Советот за национална безбедност“.
-Доколку Србија биде егзистенцијално загрозена, ќе им се обратам на граѓаните и ќе кажам дека мораме поради ова и она. Но тој момент не е дојден, рече Вучиќ.
На прашањето дали Русија ќе има разбирање доколку Србија и воведе санкции, тој одговори негативно, додавајќи „никој за нас нема разбирање“.
Ново на Сител
-
Вашингтон врши притисок врз Пекинг да го спречи Иран да го блокира Ормутскиот теснец
-
Тунелите на нуклеарниот комплекс Исфахан и погонот Фордо се оштетени во американските напади
-
Хатами: Како и секогаш САД ќе добијат решителен одговор за злосторството против Иран
-
Топол воздушен бран и температура до 40 степени во четврток и петок
-
За седум дена санкцонирани се 127 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Руска осуда на американските напади врз Иран во СБ на ОН: САД ја отворија Пандорината кутија
-
Манчестер сити убедливо го порази Ал Аин на Светското клупско првенство
-
МотоГП: Марк Маркез ја освои ГН на Италија