„Матица македонска“ го почнува одбележувањето на 25-годишниот јубилеј
Со низа издавачки проекти и програмски активности во текот на календарската 2016 година „Матица македонска“ ќе одбележи 25 години од основањето, кое официјално издавачката куќа го слави во октомври.
По повод четвртвековниот јубилеј, од 15-ти до 29 февруари во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ ќе бидат организирани пладневни средби со истакнати македонски писатели, научници и публицисти.
Како што соопшти „Матица“, љубителите на македонската книга ќе имаат можност да се дружат со Стојан Тарапуза, Димитар Пандев, Катица Ќулафкова, Оловера Николова, Весна Мојсова-Чепишевска, Раде Силјан, Јован Јоновски, Ристо Стефановски, Витомир Митевски, Братислав Ташковски, Јован Стрезовски, Јусуф Сулејман, Матеја Матевски, Ефтим Клетников, Трајче Кацаров, Божин Павловски, Борче Панов, Паскал Гилевски, Иван Чаповски, Цветан Грозданов, Блаже Миневски, Вера Битракова, Владо Камбовски, Димитар Ќорнаков, Танас Вражиновски, Кристина Николовска...
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори