Зендели од Стразбур: Мојот впечаток е дека прашањето со Бугарија ни го оставаат сами да го решиме
– Пратеничката на ДУИ Арта Биљали Зендели, која е член на македонската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа денешната дебата во Стразбур за Западен Балкан ја оцени главно како позитивна, бидејќи речиси сите пратеници изразија став дека е потребно да се прошири ЕУ и дека регионот е дел од Европа и не треба да се дозволува на Балканот да се вкрстуваат други сили или интереси, јави дописникот на МИА од Стразбур.
-Тоа беше главната порака. За жал, не стана многу збор за отворените прашања што постојат меѓу земјите на Западен Балкан, ако не го земеме предвид случајот со Србија и Косово кој беше споменат неколку пати од неколку говорници, вели Зендели.
Тоа што како отворено прашање не се спомна прашањето меѓу Северна Македонија и Бугарија, според неа, покажува дека земјите од Советот на Европа ја сметаат нашата приказна можеби не како завршена, туку како успешна приказна која што сега многу повеќе ќе зависи од националните влади отколку од Советот на Европа или други меѓународни тела.
-Имам впечаток како сега во оваа фаза да ни го оставаат нам тоа прашање да се реши. Битно е дека пораката беше позитивна, се гледаме како позитивен пример. Неколку пати беше спомнат Договорот од Преспа како пример дека Балканот може да ги решава сопствените проблеми, изјави Зендели.
Повикувајќи се на изјавата на една од говорничките во дебатата која го цитираше Винстон Черчил дека Балканот продуцира многу повеќе историја отколку што може да консумира, додаде дека треба да се надеваме дека во иднина нема да биде така, туку ќе ставиме крај на историјата и ќе гледаме кон иднината, но не само „ние од Западен Балкан, туку и другите земји од регионот кои се членки на НАТО, ЕУ, Советот на Европа и други организации”.
Ново на Сител
-
ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите
-
Рјабков: Русија и САД наскоро ќе се договорат за нова рунда преговори
-
ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
-
ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија